fbpx

Анкета на „Фактор плус Адриа“: ВМРО-ДПМНЕ има 4,2 отсто предност пред СДСМ

-

Разликата во рејтинзите меѓу двете најголеми македонски партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, е 4,2 отсто во прилог на владејачката партија, покажале резултатите од последната анкета на агенцијата „Фактор плус Адриа“, објавени денеска.

Анкетата била спроведена во периодот од 19 до 26 октомври, на репрезентативен примерок од 1.082 испитаници.

Според истражувањето, ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката на 28,1 отсто од гласачите, додека за СДСМ се определиле 23,9 отсто од граѓаните.

На третото место, според анкетата, е Коалицијата за промени и правда (Демократски сојуз, ФРОДЕМ, ДЕМОС и МОРО – Работничка партија) со 9,1 отсто поддршка, а по нив следуваат ДУИ, за која се определиле 6,7 отсто од испитаниците, и ДПА за која би гласале 4,7 отсто.

Како неопределени во анкетата на „Фактор плус Адриа“ се изјасниле 22,1 отсто од испитаниците.

На прашањето дали ќе гласаат на изборите на 11 декември, позитивно се изјасниле 64 отсто од анкетираните, 12 отсто рекле дека нема да излезат на гласање, 15 отсто сè уште не одлучиле, а 9 отсто не сакале да одговорат.

Според анкетата, 54 отсто од испитаниците одговориле оти сметаат дека во последните три години е зголемена корупцијата во Македонија.

Во однос на целокупната состојба во општеството, 71 отсто од анкетираните се изјасниле дека чувствуваат загриженост и страв, а 77 отсто рекле дека излезот од ваквата состојба го гледаат во зачленувањето на земјава во Европската Унија.

Според претходната анкета на оваа агенција, која беше објавена кон крајот на февруари оваа година, предноста на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ беше 4,3 отсто. За ВМРО-ДПМНЕ тогаш се изјасниле 28,9 отсто од гласачите, за СДСМ – 24,6 отсто, за ДУИ – 10 отсто од граѓаните, за ДПА – 4,4 отсто, а неопределени биле 26,9 отсто од испитаниците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...