fbpx

Анкета: Медиумите во Македонија се подложни на корупција и зависни од политика

-

Медиумите во Македонија се зависни од политичките влијанија, но и се корумпирани. Ваква е перцепцијата на граѓаните што биле анкетирани во рамкитете на „Балкански барометар 2017“ – истражување на јавното мислење во Југоисточна Европа, што веќе трета година по ред го спроведува Регионалниот совет за соработка – оперативно тело на земјите од регионот.

Според истражувањето, дури 72 отсто од граѓаните на Македонија се согласуваат делумно или целосно дека медиумите се зависни од политичко влијание, 23 отсто мислат дека не се, а само 3 отсто не знаат или не сакаат да одговорат.

Во Македонија 42 отсто од испитаниците веруваат оти медиумите се моќни да ја контролираат владата и да ја направат отчетна кон граѓаните, додека 55 отсто мислат дека медиумите ја немаат таа моќ. На ниво на регионот, во моќта на медиумите во однос на владата веруваат 43 отсто од анкетираните, додека во спротивното тврдење веруваат 51 отсто.

На прашањето во која мера медиумите се зависни, односно подложни на корупција, дури 73 отсто од испитаниците во Македонија веруваат во таквото тврдење. На прашањето за корупцијата и за медиумите, перцепцијата на граѓаните е најпозитивна во Албанија, Косово и во Црна Гора – таму најмногу испитаници се изјасниле дека веруваат дека медиумите не се корумпирани. Најлошо стојат медиумите во Босна и Херцеговина, каде што дури 80 отсто од испитаниците сметаат дека се корумпирани.

Истражувањето кое во понеделникот (9 октомври 2017 г.) беше објавено и презентирано во Брисел е спроведено врз 8.000 испитаници во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора и во Турција.

 

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, „Агора“ Центар за промовирање на граѓански вредности и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.
Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...