fbpx

Анкара: САД ја изгубија својата објективност

-

Официјална Анкара денеска изрази жалење поради ветото на САД на вчерашната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) на резолуцијата со која се бара повлекување на одлуката на САД за признавање на Ерусалим за главен град на Израел.

„Тоа што Соединетите Американски Држави останаа сами во ова гласање е конкретен показател за незаконитоста на нивната одлука за Ерусалим“, се наведува во соопштението на труското министерство за надворешни работи.

Во соопштението, исто така, се наведува дека американската одлука да стави вето на оваа резолуција уште еднаш покажала дека САД ја „изгубиле својата објективност“ и оти е неприфатливо Советот за безбедност на ОН да биде ефикасен поради ваквиот потег.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и британската премиерка Тереза Меј синоќа разговараче телефонски за блокирањето на резолуцијата и се сложиле дека треба да се избегнат новите тензии кои би можеле да го загрозат мировниот процес во регионот поради одлуката на САД за Ерусалим.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...