fbpx

Анкара и Вашингтон преговараат за екстрадиција на Фетулах Ѓулен

-

САД и Турција почнаа разговори за екстрадиција на муслиманскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во Пенсилванија, јавува телевизијата „Ал Џезеира“.

Телевизијата наведува дека за време на дводневните преговори во Анкара, турските власти на претставници на министерството за правда и на министерството за надворешни работи ќе им презентираат докази за вмешаноста на Ѓулен во неодамнешниот обид за пуч.

Американските претставници, исто така, ќе имаат и средба со припадниците на армијата што се обвинети за учество во обидот за воен удар.

САД и Турција имаат договор за екстрадиција, но официјален Вашингтон бара докази за директната вмешан на Ѓулен во обидот за пуч.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...