fbpx

Анкара го осуди израелскиот закон за легализација на дивите еврејски населби

-

Министерството за надворешни работи на Турција денеска го осуди контроверзниот закон на израелската влада за ретроактивна легализација на еврејските населби изградени на палестинска земја на Западниот Брег, јавуваат турските медиуми.

Во соопштението, турското МНР наведува дека е неприфатлива политиката што Израел упорно ја спроведува и покрај Резолуцијата 2334 на Советот за безбедност на Обединетите нации од 23 декемри 2016 година, во која стои дека нелегалните активности за населување на окупираните палестински територии ја уништуваат основата на решението за две држави, односно за создавање независна Палестина покрај Израел.

Според усвоениот закон, ретроактивно ќе се легализираат околу 4.000 станбени единици – незаконски подигнати за еврејските доселеници на Западниот Брег.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...