fbpx

Анѓушев: Струјата нема да поскапи со новиот закон за енергетика

-

Граѓаните нема да плаќаат повисоки сметки за струја со целосната либерализација на пазарот на електрична енергија што треба да настапи на крајот на идната година, изјави вицепремиерот за економски прашања, Кочo Анѓушев кој заедно со министерот за економија Крешник Бектеши на прес -конференција говореа за содржината на новиот закон за енергетика.

– Доколку на светскиот пазар нема да има големо поместување на цените на електричната енергија, нема да има зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата. Цената може да остане иста – рече Анѓушев.

Тој објасни дека со донесување на новиот закон за енергетика граѓаните ќе имаат избор кој било енергенс (струја, гас нафта и деривати) да го добијат на слободниот пазар од кој било снабдувач во Македонија.

-Ако досега цената на струјата се одредуваше како збир од регулирана цена за ЕЛЕМ, регулирана цена за МЕПСО и регулирана цена за ЕЛЕМ, каде сите три компании освен трошоците добиваа и загарантиран профит од 8 отсто, тоа веќе нема да биде така. Сега нема да има гарантирана цена, туку ќе мора да излезат на пазар и да ги намалат трошоците на производство и да понудат пониска цена на струјата. Вкупната сметка што граѓаните ќе ја платата на крајот ќе биде цената на струјата со цената за одржување на мрежата – рече Анѓушев.

За граѓаните кои нема да изберат еден од снабдувачите на електрична енергија, ќе има универзален снабдувач, што значи дека никој нема да остане без струја, ако не потпише договор со еден од снабдувачите на пазарот.

Предлог-законот за енергетика е веќе на јавна расправа, а денеска расправа имало во Македонската енергетска асоцијација во делот на струјата. Утре ќе следи јавна расправа во делот на нафтата и гасот, а во среда ќе има конечна јавна расправа во Владата на која се очекува да присуствува и претседателот на Европската енергетска заедница Јанез Копач.

Законот потоа треба да помине на владина процедура и да биде препратен во Собрание. Анѓушев очекува до крајот на март да заврши редовната собраниска процедура за донесување на законот, а потоа се дава рок од девет месеци да се избере универзален снабдувач кој ќе има договор од пет години за снабдување, како и до крајот на 2018 година да има целосната либерализација на енергетскиот пазар во земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...