fbpx

Анѓушев со владина делегација на комеморацијата за Хелмут Кол во Стразбур

-

Вицепремиерот за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, заедно со делегација на Владата денеска присуствува на комеморацијата за поранешниот германски канцелар Хелмур Кол, што се одржува во Стразбур, соопштија од Владата.

“Еврoпa зaгуби еден гoлем чoвек, визиoнер кoј ги зaдoлжи идните генерaции дa прoдoлжaт дa јa следaт идејaтa зa oбединетa Еврoпa”, изјaвил вицепремиерoт Анѓушев, изразувајќи сoчувствo нa гермaнскaтa кaнцелaркa Ангела Меркел, на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, и на претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани.

Нa кoмемoрaцијaтa присуствувaат и фрaнцускиoт претседaтел Емaнуел Мaкрoн и пoрaнешниoт претседaтел нa САД, Бил Клинтoн.

Хелмут Кол почина на 16 јуни оваа година, на 87-годишна возраст. Тој беше канцелар на Германија од 1982 до 1998 година од редовите на Христијанско-демократската унија, чиј лидер беше од 1973 до 1998 година. За време на неговото вршење на функцијата канцелар се случи паѓањето на Берлинскиот ѕид во 1989 година и повторно обединување на Западна и на Источна Германија во една држава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Започна судењето против Трамп – прв кривичен процес против американски претседател

Во Њујорк почна судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кривичната постапка под обвинение дека се обидел да ја прикрие исплатата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс. На...