fbpx

Анѓушев: Сите средства предвидени за поддршка на економијата се искористени

-

Сите предвидени средства во буџетот и ребалансот кои што беа за поддршка на економијата во државата се искористени, одговори денеска на новинарско прашање вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев за тоа колку од средствата се искористени.

Тој додаде дека заклучно со утре, ќе бидат исплатени 35 милиони евра и над 250 компании ќе бидат помогнати.

Инаку денеска, премиерот Зоран Заев, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски и вицепремиерот Анѓушев на 65 домашни компании им доделија грантови за кофинансирање на проекти од вториот инвестициски бран, во рамки на првиот повик од столб 3 од Планот за економски раст.

Посочувајќи дека досега повеќе од 130 компании од Македонија добија грантови за кофинансирање на нивните проекти, премиерот Заев истакна дека тоа е доказ дека Планот за економски раст во изминатата година не само што ја постигнал, туку и ја надминал зацртаната цел. Тој додаде и дека вкупниот износ на нови инвестиции во економијата само со втората група компании за финансирање е 824.828.614 денари (13.411.847 евра) и дека со инструментот за поддршка – инструмент за подобрување на иновативноста, вкупно се ангажирани 323 лица, од кои 85 се ново вработени.

„И натаму остануваме на нашата определба за раст на поддршката за домашните и странските инвестиции, со буџет повисок за 37 проценти во однос на ребалансот за 2018 година. Предвидуваме 37 отсто повеќе пари за зголемување на конкурентноста на приватниот сектор – преку мерки за нови инвестициони вложувања, мерки за поддршка на извозот и освојување на нови пазари, за поддршка за создавање на нови вработувања, за поддршка на малите и средните претпријатија, за странските инвестиции во технолошко индустриските развојни зони и секако за субвенции за иновативната дејност, технолошки развој и истражување“, рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...