fbpx

Анѓушев: Се надевам дека набрзо ќе се формира една регионална берза на електрична енергија

-

Македонија денеска, како актуелен претседавач, е домаќин на 16. состанок на Советот на министри на Енергетската заедница на која учествуваат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши, кој претседава со Советот заедно со директорката за енергетска политика во Европската комисија, Меган Ричардс.

Заев истакна дека мисијата на оваа заедница е да воспоставува стабилна регулаторна и пазарна рамка, способна да привлече инвестиции во производство на електрична енергија и мрежи.

„Работата на Енергетската заедница секогаш треба да се гледа од аспект на интересот на граѓаните и токму затоа создавање интегриран енергетски пазар кој овозможува прекугранична трговија со енергија и интеграција со пазарот на ЕУ е од суштинско значење за нив. Тоа значи безбедно снабдување за да се обезбеди стабилен и континуиран пристап на енергијата до граѓаните и до компаниите, што е од суштинско значење за економскиот развој и социјалната стабилност“, рече Заев.

Македонија како членка на Енергетската заедница, се обврза да стане дел од внатрешниот пазар на енергија во Унијата преку членството во Енергетската заедница.

Анѓушев рече дека соработката во регионот е важна за енергетиката бидејќи таа не може да ги следи границите на државите кои што се територијални. Енергетиката, како што рече тој, е област која што само административно познава граници.

„Нашиот регион е премногу мал за сите ние да правиме поединечни берзи и аукции, така што правецот во кој што се движат работите во делот на енергетиката да има регионален пристап е вистинското решение. Лично се надевам дека брзо ќе дојде денот кога ќе се формира една регионална берза на електрична енергија и една куќа за аукции на крос-бордер капацитети во делот на енергетиката, бидејќи тоа е правото решение за проблеми коишто во моментов ги имаме“, рече меѓу другото вицепремиерот Анѓушев.

Очекувањата за следната година, како што посочи вицепремиерот, Анѓушев се дека државата ќе создаде околу 200 мегавати инсталирана сила во фотоволтаични електрани, што ќе има сериозен импакт во развојот не само на енергетиката, туку и на градежништвото.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...