This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sat Aug 18 23:32:01 2018 / +0000 GMT

Анѓушев: Рударството е важно, треба да се смени перцепцијата на граѓаните




Во Македонија кога ќе се спомне рударство се раѓаат негативни чувства, мора да отвориме дискусија зошто е тоа така рече денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев на отворањето на 3. Европски форум за рударство и истражување „Minex Europe 2018“  организиран од Стопанска комора на Македонија.

- Мој заклучок е дека таквата состојба е генерирана од неодговорниот однос на дел од концесионерите кои не ги запазувале критериумите на совесно работење и на совесни стопанственици, со цел да направат поголем профит. Иако профитот е основниот генератор на бизнисот од кој и државата има интерес преку собирање данок, исто така, мора да се води сметка и за заштита на човекот и на животната околина - рече Анѓушев.

Во своето обраќање, вицепремиерот ја истакна важноста што рударството ја има во целокупната индустрија, како сектор каде се вработени над 10.000 луѓе.

- Според последните податоци во април 2018 година во споредба со април 2017 регистрирано е  зголемување од 1,3 отсто на вработените во овој сектор . Рударството и вадењето камен учествува со 8,31 отсто во индустриското производство на земјата. Овие бројки покажуваат дека придонесот во индустријата е значаен, пред се преку рудниците кои се отворени пред многу години и денеска работат успешно - додаде тој.

Анѓушев ги повика компаниите од овој сектор поблиску да соработуваат со локалното население и да ги разјаснат сите отворени прашања и дилеми. Комуникацијата, според вицепремиерот, треба да се одвива во насока на едукација и информирање за стандардите и процесите што ги применуваат во експлоатацијата на минералите, како и непостоењето закана за животната околина и земјоделското производство.

Анѓушев најави усогласување на македонското законодавството со европското законодавство со цел заштита на интересите на државата.
Post date: 2018-06-12 13:39:41
Post date GMT: 2018-06-12 11:39:41
Post modified date: 2018-06-12 13:40:26
Post modified date GMT: 2018-06-12 11:40:26
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com