fbpx

Анѓушев: Прогресивниот данок претставува порамномерен товар на даночната политика

-

Во државата во моментов се води само дискусија за промена на персоналниот данок, а сите останати даноци и понатаму остануваат исти, одговори на новинарско прашање вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев на „Конференцијата за зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори – Можности и предизвици“

– Данокот на добивка, данокот на имот и сите останати даноци остануваат исти, предмет на дискусија во Владата е само прагот на платата над која ќе се зголеми персоналниот данок. Таа дискусија ќе ја прошириме со целокупната зантересирана јавност и сите чинители на економското живеење во земјава – изјави Анѓушев.

Тој потенцираше дека зголемувањето на персоналниот данок за одредена категорија граѓани претставува социјална правда и порамномерен товар на даночната политика.

Во делот на фискалната политика, покрај ставање под контрола на сивата економија, Анѓушев оцени дека има и простор за други типови на поголема фискална дисциплина, пред се, кај трансферните цени на компаниите кои имаат свои компании ќерки во другите држави.

– Спорен е начинот на префактурирање, односно на наплаќање или ценовната политика на компаниите кога си продаваат компанија мајка на ќерка од една во друга држава. Тоа е причината за многу пропаднати фабрики во земјава како и една од најголемите причини поради кои „Фени“ дојде во ситуацијата во која дојде – додаде тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...