fbpx

Анѓушев: Новиот закон за енергетика ќе штити од неконтролиран раст на цените на струјата

-

На денешната јавна расправа за предлог- законот за енергетика во Собранието, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев порача дека овој закон се носи за доброто на граѓаните и дека обезбедува конкурентност во енергетскиот сектор.

„Овој Закон обезбедува конкурентност, а кога постои конкурентност има и бенефит за крајните корисници, бидејќи со зголемена конкуренција се подобрува квалитетот на услугите и се намалуваат цените“, рече Анѓушев.

Механизмот на изборот на универзален снабдувач, кој ќе биде избран во јавна постапка, обезбедува заштита на граѓаните, како крајни потрошувачи на енергенсите.

„Мораме да се заштитиме од можноста цените неконтролирано да растат. Тоа во овој закон е направено квалитетно, во делот на електричната енергија, каде што е воведен универзалниот снабдувач кој ќе биде избран на јавен повик, со дефинирани критериуми “, дополни Анѓушев.

Преку спроведување на законот се овозможува поддршка за обновливите извори на енергија. Со овој Закон, преку воведување на премиум тарифите се дава можност за отворање нови локации за изградба на фотоволтаични централи, при што државата ќе објави тендери за премиуми, а инвеститорите ќе имаат можност произведената струја да ја продаваат на слободен пазар.

Тој додаде дека Владата ќе го реализира проектот за изградба на нови ветерните електрани, додека се постигне моќност од 150 мегавати, што е во согласност со студијата за одржливост во рамките на енергетскиот систем на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...