fbpx

Анѓушев: Ќе се гради далекувод до Албанија и гасовод до Грција

-

Добивме позитивни сигнали од меѓународните финансиски институции за поддршка во реализацијата на инфраструктурни проекти, рече денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој учествуваше на „Стратешкиот дијалог за Западен Балкан“, настан во организација на Светскиот економски форум и на „Виенскиот економски форум“, настани во рамките на Самитот ЕУ-Западен Балкан кој се организира во Софија.

Тој додаде дека средствата ќе бидат наменети за изградба на патишта, железница, како и за изградба на гасоводна мрежа и конектирање со Транс Јадранскиот гасовод (TAP) и терминалите за природен гас во Грција, за да се обезбеди конкурентност и во снабдувањето со природен гас.

„Работиме и на зацврстување на инфраструктурата во електро-енергетскиот пренос и во таа насока се инвестира во изградба на 400 кило-волтен далекувод кој ќе ги поврзе Македонија и Албанија“,  посочи Анѓушев.

Денеска се потпиша и Меморандумот за разбирање за спојување на ден-однапред пазарите со електрична енергија помеѓу министрите за економија Крешник Бектеши и министерката за енергетика на Бугарија, Теменушка Петкова.

„Покрај приклучувањето на нашата земја на внатрешниот пазар на електрична енергија во Југоисточна Европа, операторите на системот за пренос ќе ги зголемат капацитетите за прекуграничен пренос во регионот со изградба на нови водови, а националните регулаторни органи ќе ја хармонизираат регулаторната рамка за интеграција на пазарот. Како резултат на сето ова ќе се зголеми сигурноста во снабдувањето со електрична енергија, како клучно прашање за успешното функционирање на електричната мрежа во случај на оперативни ситуации кои тешко може да се предвидат“, рече Бектеши за придобивките од спојувањето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...