fbpx

Анѓушев: Извештајот на ЕК реално ги отсликува состојбите во економијата

-

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, смета дека извештајот на Европската комисија реално, прецизно и точно ги отсликува сите состојби во македонската економија.

На новинарско прашање во врска со економските забелешки во овој извештај, на учеството на Дигиталниот самит тој рече дека владиниот План за економски пораст треба да помогне да се подобрат состојбите на кои се укажува, како сивата економија која е присутна во сите сегменти и треба да се сузбие.

– Тргнете на пример од земјоделските производи како се откупуваат, па како се продаваат на кванташките пазари, па како се дистрибуираат на пазарите. Сето тоа е надвор од финансискиот систем и мора да се бориме со тоа. Затоа, и ќе формираме одредени активности во таа насока, со активирање на агроберзата. Идејата за агроберза е стара, но на крај таа се претворила во чување два силоса во Прилеп и ништо од таа реализација – изјави Анѓушев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...