fbpx

Анѓушев до Ромео: Владата е посветена на обврските што произлегуваат од Берлинскиот процес

-

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, со италијанскиот амбасадор Карло Ромео разговарал за побрза интеграција на земјите од овој регион во Европската Унија. Средбата доаѓа во пресрет на самитот за Западен Балкан во Трст, што ќе се одржи на 12 јули, а се одвива во рамките на Берлинскиот процес.

Ромео, чија земја е домаќин на годинашниот самит за Западен Балкан, ги презентирал приоритетите на италијанското претседавање со самитот, како и деталната агенда за време на самитот. Тој го поздравил формирањето на Владата и изрази надеж дека процесите за интеграција на Република Македонија, како и на целиот регион во Европската Унија, ќе се одвиваат со побрза динамика, како и дека Република Италија како актуелен претседавач со процесот ќе помогне за интензивирање на активностите.

Анѓушев истакнал дека Владата e посветена на сите процеси во врска со итните реформски приоритети, како и на обврските што произлегуваат од таканаречениот Берлински процес.

– Владата ќе работи на реформи во енергетскиот сектор, ќе работиме на создавање поволна бизнис-клима за домашни и за странски инвеститори, а конкурентноста на компаниите ќе ја подигнеме со инвестиции во инфраструктурата, како на патната, така и на железничката инфраструктура – рече Анѓушев за време на средбата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...