fbpx

Ангелов: Не страдаме толку од злобните, колку од пасивноста на добрите

-

Повеќе од стотина граѓани се собраа денеска пред Македонската радио-телевизија да побараат јавниот сервис да ги пушти прислушуваните разговори што ги објавува опозицијата. На собирот се обратија градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, Љупчо – Бубо Каров и уште неколкумина граѓани од насобраните.

Пред МТВ се пуштаа и снимки од прислушуваните разговори.

Жерновски рече дека МТВ иако има законска обврска, не ги посетувала ниту објавувала настаните што се однесуваат на референдумот за изгледот на ГТЦ.

– Тој што работеше за слободата на „А1“, сега работи во режимската МТВ и треба да размисли каде ќе оди тој и сите околу него кога ќе замине оваа власт – изјави Жерновски.

Стојанче Ангелов, кој се обрати последен, истакна дека од МТВ бараат да ги објави разговорите за сите македонски граѓани да ја слушнат вистината и за власта да си замине, јавниот обвинител да поднесе оставка и Собранието да се самораспушти, ама, пред тоа, да формира техничка влада.

– Бараме овие луѓе да си заминат затоа што немаат легитимитет. Ниту Владата, ниту Јавното обвинителство, ниту Собранието. Еден дојден овде вреди како десет исплашени кои немаат храброст да дојдат. Затоа велам дека се собравме 10.000. Нема да ја оставиме власта да ги троши нашите пари и ќе ги гониме сè додека не го вратат и последното украдено евро. Нашата цел не е да предизвикаме насислство туку да се собереме 100.000 луѓе – изјави Ангелов.

На крај тој рече дека граѓаните не страдаат толку од злобните, колку од пасивноста на добрите.

Ангелов најави дека в понеделник, во 12 часот, ќе се одржи протест пред Јавното обвинителство, за да го прашаат обвинителот зошто Груевски, и како што рече, бандата околу него не се притворени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...