fbpx

Ангелов: Комуникацијата меѓу Македонија и Грција за бегалците е подобра од лани

-

Македонскиот амбасадор во Атина, Дарко Ангелов, во интервју за грчкиот економски портал „Банкингњуз“ (Bankingnews.gr) зборува за македонско-грчката трговска, но и политичка соработка и за бегалската криза.

Ангелов во интервјуто ја објаснува стратегијата на македонската влада за привлекување странски инвеститори, кои се поволностите и даночните олеснувања што им се нудат за да отворат компании во државата, тема која е актуелна во Грција, која својот спас го бара во странските инвестиции.

Според Ангелов, македонско-грчката трговска соработка се одвива одлично, иако се бележи голем пад од 2014 до 2015 година. Во 2015 година трговската размена била околу 665 милиони долари, од кои 165,7 милиони долари од македонскиот извоз во Грција и 500 милиони долари извоз на грчки производи во Македонија. Во 2014 година, пак, трговската размена била 894 милиони долари. Како што истакнува амбасадорот, најмногу од Грција во Македонија се увезува нафта.

Ангелов во интервјуто изнесува и ставови во поглед на бегалската криза, коментирајќи дека и Македонија и Грција се во иста положба бидејќи се под влијание на ситуација која е надвор од нивна контрола. Големата разлика меѓу двете држави, како што подвлекува тој, е дека Македонија не е членка ниту на шенген-зоната, ниту на ЕУ, па поради тоа и има ограничени можности за барање и за добивање помош од европските институции и од НАТО.

Ангелов забележува дека на почетокот на бегалската криза македонско-грчката соработка не била на потребното ниво за подобро справување со проблемот. Оценува дека причината за ова, најверојатно доаѓа од затегнатоста што постоеше меѓу двете страни поради спорот за името.

– Се радувам што последните недели комуникацијата меѓу министерствата за внатрешни работи е интензивирана и е со подобрен квалитет. Клучно во нашиот пристап кон бегалското прашање е да не постојат еднострани одлуки, но и да се следат политиките на државите од север и ние сме секогаш последни кои ќе спроведеме ограничување во движењето – вели Ангелов во интервјуто.

Тој додава дека Македонија ќе направи сè што е во нејзина моќ да овозможи ефективно преминување на бегалците од Сирија, Авганистан и од Ирак. Образложува дека оградата подигната на граничниот премин Идомени е за да се спречи нелегално преминување и да се подобрат легалниот премин и регистрацијата на бегалци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деградиран рускиот свештеник што ја водеше комеморацијата на Навални

Рускиот свештеник кој ја предводеше комеморацијата на опозицискиот лидер Алексеј Навални е деградиран од водечките црковни служби и му е наредено да отслужи тригодишно „покајание“, пренесе Гардијан. Свештеникот Дмитриј Сафронов...