fbpx

Аневски: Јанева и Фетаи го навредиле судот, СЈО да назначи нов обвинител за „Шамари“

-

Советот на јавни обвинители вчера на состанок ја разгледувал претставката на в.д. претседателката на Основниот суд Скопје 1, Татјана Михајлова, и донел заклучок дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, го прекршиле етичкиот кодекс на последното судско рочиште за настаните пред Општина Центар од јуни 2013 година.

Ова денеска го соопшти претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, кој истакна дека препорака на Советот е СЈО да назначи нов јавен обвинител во предметот.

– Катица Јанева и Фатиме Фетаи го прекршиле етичкиот кодекс на јавните обвинители на Република Македонија. Дадовме препорака до јавниот обвинител дека ќе треба да ја разгледа можноста од определување на друг јавен обвинител за застапување на тој предмет. Се работи за оној предмет каде е обвинет поранешен премиер заедно со други лица за кривично дело, мислам, насилство – изјави Аневски.

Тој соопшти и дека е одложена денешната седница, на која, според најавите, Советот на јавни обвинители требаше да расправа дали ќе му го предаде на СЈО случајот „Сопот“, како и за повлекувањето на обвинението за случајот „Пуч“.

Инаку, на рочиштето за насилствата пред Општина Центар, познат и како „Шамари“, кое се одржа на 22 февруари, судијката Татјана Михајлова ги казни по 2.000 евра обвинителките Јанева и Фетаи за „елементарно непочитување на судот“. Јанева и Фетаи ја обвинија судијката дека направила фалсификат со записникот од претходното рочиште.

Следното рочиште за овој случај, во кој меѓу 14 обвинети е и поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, е закажано за утре.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...