fbpx

Анестезиолозите од гевгелиската болница биле пијани

-

Двајцата лекари анестезиолози што биле дел од тимот, кој со оперативен зафат требало да ја породи жената што заедно со новодоренчето почина во гевгелиската болница, биле во алкохолизирана состојба, покажала анализата на крвта, извршена од Министерството за внатрешни работи (МВР), соопшти денеска Јавното обвинителство.

Анализата на крвта на двајцата анестезиолози покажала присуство на 1,23, односно 1,75 промили алкохол во крвта.

„Донесена е наредба за анализа на крв на лицата што го сочинувале тимот што го вршел зафатот, поради добиеното сознание дека двајцата лекари анестезиолози биле во алкохолизирана состојба. Анализата на примероците на крв извршена од на Министерството за внатрешни работи покажа 1,23 промили, односно 1,75 промили алкохол во крвта на лекарите анестезиолози. Кај лекарите гинеколози не е констатирано присуство на алкохол во крвта“, стои во соопштението на Јавното обвинителство.

Оттаму велат дека во врска со случајот, Основното јавно обвинителство Велес почнало предистражна постапка.

„Надлежен јавен обвинител за утврдување на причините за смртта, до Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија – Скопје, достави наредба за судско-медицински преглед и за обдукција на телата на починатите. Добиени се извештаите од судско-медицинскиот преглед и од обдукцијата. Во тек се дополнителни анализи и испитувања што треба да ги утврдат причините што довеле до смртта. Од Основното јавно обвинителство Велес, во насока на утврдување на причините за овој немил настан што ја разбранува јавноста, се преземени и други дејства. Прибавена е целокупната медицинска документација што се однесува како на оперативниот зафат, така и на прегледите на родилката што претходеле на зафатот и резултатите од извршените претходни испитувања. Во текот на изминатите два дена се сослушани поголем дел лица од медицинскиот персонал што го извршувале оперативниот зафат. Денеска продолжува сослушувањето на другите лица од медицинскиот персонал“, велат од Обвинителството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...