fbpx

Анджеј Дуда е новиот претседател на Полска

-

Кандидатот на десничарската партија Право и правда, конзервативецот Анджеј Дуда, со 53 отсто од гласовите во вториот круг на претседателските избори во Полска го победи досегашниот претседател Бронислав Коморовски.

Дуда го победи Коморовски во првиот круг со 34,76 проценти наспроти 33,77 отсто од гласовите, но не успеа да ги усвои потребните 50 отсто плус еден глас.

Коморовски стана претседател пред пет години, откако тогашниот шеф на државата, Лех Качински, загина во авионска несреќа. Тој беше кандидат на владејачката Граѓанска платформа.

Дуда ќе стапи на должност како претседател на 6 август.

Претседателските избори се сметаaт за тест пред парламентарните, кои ќе се одржат оваа есен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...