fbpx

Андов шпекулира за вмешаност на Милошевиќ во атентатот на Глигоров

-

За можна вмешаност на поранешниот српски премиер Слободан Милошевиќ и југословенските тајни служби во атентатот на Киро Глигоров шпекулира Стојан Андов во интервју за грчкиот весник „Катимерини“.  Иако Андов директно не го споменува името на Милошевиќ, сепак преку изјавите за незадоволство на српскиот премиер од Времената спогодба меѓу Македонија и Грција алудира на можна негова вмешаност и мотив за обидот за атентат на поранешниот македонски претседател.

-Атентатот дојде од тајните служби со политички мотив. Без вмешаност на тајните служби не ќе можеше да се случи ништо. Само тие можеа да го организираат. Мафијата немаше поврзаност со тоа – вели Андов за грчкиот весник.

Една од неговите претпоставки за мотивот на атентатот е Времената спогодба со Грција. Претпоставува дека српскиот премиер не бил голем обожавател на идејата за потпишување на спогодбата која ќе доведе до подобрување на македонско-грчките односи.

-Милошевиќ не сакаше македонското собрание да го ратификува договорот и се сеќавате дека покрај Грција, тогаш и Југославија не ја признаваше Македонија. Ако ние ја ратификувавме Времената спогодба во Парламентот, ќе ги подобревме врските со Грција и Милошевиќ не го сакаше тоа. Сакаше да бидеме во неизвесност за да не држи за рака, да бидеме што понестабилни може за да не држи во рака и да може да и кажува на Грција дека ќе посредува за името- коментира Андов за Катимерини.

Неговата оценка е дека Милошевиќ не сакал договор кој ќе помогне да се стави крај на неизвесноста околу идејата дали воопшто ќе успее да се одржи во живот новата македонска држава, а Времената спогодба била токму таков договор кој од неизвесност ја носи Македонија во помирни води.

За него фактот дека атентатот се случува на два дена пред гласањето на Времената спогодба во парламентот не е само коинциденција. Андов потсетува дека еден ден пред обидот за атентат Глигоров тајно отпатувал во Белград без да го информира. Единствен придружик на патувањето била неговата советничка Жана Османли. Како што посочува, Милошевиќ на тоа патување покренал прашање за врските меѓу двете држави. „Кога се случи обидот за атентат и дознав дека советничката била со Глигоров на состаноков ја замолив да ме брифира за разговорот. Ми даде документ во кој пишуваше дека Милошевиќ побарал од Глигоров, Србија и Македонија да формираат царинска унија. Според документот, Киро му рекол дека тоа не може да се случи и не го прифаќа“, вели Андов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...