fbpx

Андоновски: УБК максимално будно ги следи протестите

-

Мора да бидеме максимално будни и да ги анализираме сите информации, вклучувајќи ги и тие што укажуваат дека во протестите (на граѓанската иницијатива „Протестирам“, против одлуката на претседателот Иванов за аболиција, н.з.) се вклучени или дека се оркестрирани од странски државјани, вели во интервју за порталот „Прес 24“, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Љупчо Андоновски.

На прашањето како УБК ги анализира протестите, Андоновски вели дека тајната полиција нив ги следи од „аспект на нивна можна злоупотреба од поединци или групи, поддржувачи на радикални екстремистички идеологии, насочени кон сериозно нарушување на безбедноста преку извршување разни форми на насилство, меѓу кои и терористички акти“.

„Не е првпат државата да се соочува со нарушувања на јавниот ред од ваков обем. Сите паметиме што се случуваше минатиот мај. На 5 мај имавме масовни насилни протести пред Владата, кога беа повредени околу 40 полициски службеници. Тоа во голема мера влијаеше на заслабување на полициските капацитети за справување со многу посериозниот предизвик по безбедноста на државата, односно заканата од уфрлање на криминално-терористички групи. Затоа мора да бидеме максимално будни и да ги анализираме сите информации, вклучувајќи ги и тие што укажуваат дека во протестите се вклучени или дека протестите ги оркестрираат странски државјани“, вели Андоновски.

Во врска со случувањата во МВР, по одлуката на Владата да ги поништи решенијата донесени од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, шефот на тајната полиција вели дека „како функционер именуван од Владата“ е должен да ги спроведува нејзините одлуки и дека секое нивно непочитување е кривично дело.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...