fbpx

Андонов: МВР призна дека се прислушува раководството на ВМРО-ДПМНЕ

-

Министерството за внатрешни работи ги потврди наводите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека МВР прислушува повеќе од 100 луѓе од врвот на партијата, изјави денеска Оливер Андонов од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Андонов, одговорот од МВР дека работат во согласност со законите и со наредба од судот преку Јавното обвинителство, е директно признание дека се прислушува раководството на опозициската партија.

– Ова е скандал и атак врз демократијата, плурализмот и врз слободната мисла – рече Андонов, додавајќи дека СДСМ врши политички прогон на сите неистомисленици и политички противници.

Андонов тврди дека владејачката партија го претворила МВР во алатка за пресметка со демократските сили во државата.

– Бараме веднаш да се направи стручна експертиза, во која ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти и кои ќе ја утврдат состојбата со следењето на комуникациите од страна на МВР. Кога СДС се дрзнува да го прислушува раководството на ВМРО-ДПМНЕ, сигурни сме дека секојдневно се прават злоупотреби од секаков вид – рече Андонов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...