fbpx

Андонов: Јанева ја доведе во прашање националната безбедност

-

Катица Јанева направи преседан со што може да ја загрози националната безбедност, обвинија дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Виктор Атнасовски, по изјавата што во 1 часот по полноќ ја дадоа специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и обвинителката Ленче Ристоска.

Андонов ја обвини Јанева дека e нестручна и неподготвена и дека направила преседан со што ја довела во прашање националната безбедност така што ги побарала сите податоци од 2008 до 31 декември 2015 година.

– Загрозена беше национална безбедност бидејќи Јанева ги бараше сите податоци од период 2008 до 31 декември 2015 година. Имајќи предвид дека некои посебни истражни мерки сè уште траат, не можеше да се обезбеди соодветно издвојување на податоците со кои може да се запознае обвинителството. Истите податоци Јанева инсистираше да ги добие, а тоа можеше да доведе до тешко загрозување на животот на оперативните работници кои сè уште работат на терен – вели Андонов.

Директорот на БЈБ, Митко Чавков, рече дека во УБК присуствувал од три причини, за да види како е направена комисијата за постапка во предметот во која за членови биле избрани припадници на Бирото, за да види зошто во кругот на МВР имало распоредено полициски службеници од единицата „Алфи“ и за да ги заштити тековните операции.

– Навистина сакаат да создадат перцепција дека некој во УБК ги опструира, а од системот самите сфатија дека не може да ги извадат податоците, односно да направат експорт на податоци. Тој систем не е сопственост на МВР, на УБК, сопственост е на операторот и само овластено лице оттаму може да пристапи до тој систем. Се уверија во тоа и испратиле писмо до операторот за да добие овластување нивниот претставник во Македонија – објасни Чавков.

Со барањето се опфатени мерки за следење на комуникации во период од 2008 до 2015 година, а проблем во системот и прекин на работата може да предизвика тоа што не може да се изделат следењата што се почнати пред крајниот рок на барањето, а сè уште се активни, појасни директорот на УБК, Атанасовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...