fbpx

Андонов: Да сакаше, Чавков ќе направеше државен удар додека протестираа „шарените“

-

Тука сме да ѝ порачаме на антимакедонската партија СДС, дека знаеме оти сето она што го прават последниве денови не се базира на докази и на аргументи, туку на лажни обвинувања кон нашата партија и нашите пратеници, рече Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ, во своето обраќање на вечерашниот протест на партијата пред Кривичниот суд во Скопје.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ трет ден одржува протести против приведувањето и притворањето на нејзини членови и пратеници поради учество во насилствата во Собранието од 27 април годинава.

– Не можат да го скршат ВМРО. ВМРО е врежано во срцето на сите патриоти и затоа сме тука да им порачаме: Нема да ви помине овој обид да ја изманипулирате македонската јавност – рече Нацев.

Оливер Андонов во своето обраќање пред стотината присутни рече дека ако сакал поранешниот министер за внатрешни работи и поранешен директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, кој е еден од притворените, да направи државен удар, тоа ќе го сторел додека протестирале „шарените“.

– Да сакаше кој било во Македонија да направи државен удар, тоа можеше одамна да го направи. Најголемата грешка можеби беше што аболираниот криминалец, кој бега од судот, не беше приведен кон правдата за предавство на сопствената држава и еден куп криминали кои ги стори. Убеден сум дека и тој и целата негова клика еден ден ќе одговараат пред сите вас за она што ѝ го прават на Македонија – рече Андонов.

На протестот, кој траеше помалку од еден час, присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Учесниците најавија протест и за утре, но не соопштија каде ќе го одржат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...