fbpx

Анархисти упаднаа во предворјето на грчкиот парламент

-

Грчкото собрание го доживеа првиот упад во зградата од група анархисти. Група од 20-30 анархисти влегоа во предворјето на грчкиот парламент и за малку не влегоа и во холот на зградата. Анархистите расфрлаа летоци и извикуваа слогани во знак на солидарност со политичките затвореници кои штрајкуваат со глад. На влезот немаше полиција да ги спречи да влезат во собранието, што е преседан во модерната грчка политичка историја и несфатливо како е возможно да се случи.

Анархистите се дел од групата „Рубикон“, која според информациите е истата што го има окупирано деканатот на атинскиот факултет во центарот на градот. Анархистите фрлале летоци кон влезот на зградата, а на излезот околу 20 од нив биле приведени.

СИРИЗА уште при првиот влез во собранието како влада нареди да се отстранат оградите околу парламентот, со коментар дека нема зошто да се штити и да се плаши од народот. Инцидентот предизвика бројни реакции меѓу новинарите и политичките партии. Владиниот потпарол го осуди настанот, додека, пак, ПАСОК побараа оставка од министерот за цивилна заштита. Во целата ситуација најладнокрвна беше претседателката на парламентот, Зои Константинопулу.

– Се вознемиривте бидејќи некој се бунтува и реагира за нешто? – изјавила Константинопулу во разговор со новинарите без никаква вознемиреност од целиот настан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...