fbpx

Анализа на НВО Инфоцентар: МРТ – пропагандна машинерија на власта

-

НВО Инфоцентарот, во рамките на својата програма за постојан мониторинг на медиумите, а во соработка со Центарот за развој на медиуми, подготви анализа за информирањето на јавниот радиодифузен сервис за случајот Кежаровски, за штрајкот на СОНК и за кривичната пријава против лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Во периодот од 15 до 21 јануари 2015 година, беа мониторирани случајот Кежаровски и штрајкот на СОНК, а на 31 јануари беше мониторирано известувањето на МРТ за кривичната пријава против лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев. Македонската радиотелевизија, целосно и во континуитет, потфрла во својата улога на јавен радиодифузен сервис на граѓаните на Република Македонија. Ниту во случајот Кежаровски, ниту во случајот со штрајкот на СОНК, ниту, пак, во случајот со кривичната пријава против Заев, МРТ не го застапува јавниот интерес, туку се става во функција на пропагандната машинерија на власта, и тоа како директен актер и инструмент на владината пропаганда. За разлика од информирањето за случајот Кежаровски, информирањето на МРТ за штрајкот на СОНК е обилно и секојдневно. Но, како и во случајот со Кежаровски, јавниот сервис за штрајкот информира крајно еднострано, манипулативно и пропагандистички. Уредниците и новинарите во информативната програма на МРТ1, се ставаат во улога на директни учесници и арбитри, кои ја поддржуваат позицијата на власта и на секаков начин се обидуваат да ја убедат јавноста дека штрајкот е штетен, дека тој е само лична корист на синдикалните лидери и дека не ужива голема поддршка меѓу наставниците“, се вели во анализата.

За најновите случувања околу кривичната пријава за лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во анализата стои дека сите најави, прилози и информации кои беа објавени во „Дневник 2“ на МРТ, се обликувани – од една страна, да ја конструираат сликата за Заев како предавник, кој без какво и да е сомневање, сакал да направи пуч и насилно да је преземе власта, а од друга страна, да го претстават премиерот како „херој“ кој спречил обид за државен удар и кој не подлегнува на никакви уцени и притисоци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измислена изјава на Фон дер Лајен пласирана како вистинска

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено...