fbpx

Анализа на најголемите 100 тендери во изминатите пет години во Република Македонија

-

Центарот за граѓански комуникации направи рангирање и анализа на стоте најголеми договори од 2010 до 2014 година, кои сочинуваат дури 22 процени од целокупната потрошена сума за јавни набавки во овој период, за да се предочи кои се најголемите склучени зделки и со кои фирми се склучени договорите.

Стоте најголеми договори за јавни набавки склучени во последните пет години (2010-2014) изнесуваат вкупно 57 милијарди денари, односно 933 милиони евра. Само овие сто договори вредат 22 отсто од сите пари потрошени за јавни набавки во земјава во петте анализирани години. Во овој период се склучени вкупно околу 110.000 договори за јавни набавки, при што околу 1.300 државни институции вкупно потрошиле 4,3 милијарди евра за јавни набавки. Најголемите сто договори се склучени од 33 државни институции и од 60 фирми, што говори за висока концентрација на големите договори и од аспект на нарачателите и од аспект на фирмите носители на договорите.

Поединечната вредност на договорите од „Топ 100“ се движи од 2,8 до 104 милиони евра. Доминираат набавки од енергетиката и од градежништвото.

Меѓу државните институции што ги склучиле најголемите 100 договори спаѓаат: АД ЕЛЕМ, Службата за општи и заеднички работи на Владата, министерства, АЕК, Дирекција за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, ЈП за државни патишта, ЈСП Скопје, Град Скопје, Општина Чаир и Општина Струмица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...