This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Sat Feb 23 5:41:55 2019 / +0000 GMT

Анализа: 70 проценти од возилата на Противпожарните единици се од минатиот век




Противпожарните единици располагаат со само 220 возила, притоа, овде спаѓаат не само цистерните и возилата за гасење пожар, туку и сите други возила на противпожарните екипи, откива базата на податоци за возилата на сите 30 територијални противпожарни единици во земјава, изработена од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

Просечната старост на овие возила е 27 години и дури 154 од 220 возила (70 отсто) се произведени во минатиот век.

„За споредба, министерствата и општините имаат на располагање 2.645 патнички возила, што значи дека на секое 12-то патничко возило доаѓа по едно специјално противпожарно возило. Кај патничките возила има обратна ситуација, односно само 29 проценти се од минатиот век, а 71 проценти се купени во новиот милениум. Наспроти 27-те години на противпожарните возила, патничките просечно се стари 12,5 години“, се вели во анализата.

Возилата на Кратово се најстари – со просечна старост од 39 години, додека најмладиот возен парк го има Велес – со просечна старост од 18 години. Покрај Кратово, просечната старост поголема од 30 години имаат и возилата на противпожарните единици во Битола, Гевгелија, Крива Паланка, Крушево, Охрид, Свети Николе, Струга и Струмица.

Post date: 2019-02-11 11:00:12
Post date GMT: 2019-02-11 10:00:12
Post modified date: 2019-02-11 11:01:43
Post modified date GMT: 2019-02-11 10:01:43

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com