АМСМ: Во прекин сообраќајот на патот Охрид-Битола поради сообраќајка


       
Скопје, 20 септември, 2018 - 12:16 (META) 

Денеска од 11.10 часот на магистралниот пат Охрид-Битола, кај селото Опеница, сообраќајот е во прекин, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Оттаму појаснуваат дека прекинот е поради сообраќајна незгода која се случила на овој патен правец.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.