fbpx

„Американско културно попладне“ во Струга

-

Во организација на „Американско катче“ во Струга, во едукативниот центар „Бриџес“, денеска, во просторот на „Арт кафе“ во Струга, се одржува манифестацијата „Американско културно попладне“.

Манифестацијата содржи отворање изложба на тема „Да се наслика Америка“, која се однесува на уметноста на САД.

Музички перформанс во живо ќе изведат учениците од Средното музичко училиште „Тодор Скалоски – Тетоец“ од Струга.

Попладне ќе се одржи работилница за традиционалните танци во САД, при што посетителите ќе имаат можност да ја научат кореографијата, која ќе ја пренесат танчерите Ким Козби и Иша Бардвеј, волонтери во Мировен корпус.

Од 16.30 часот стружани ќе можат да го проследат филмот „Големиот Гетсби“, снимен според истоимениот роман на американскиот писател Френсис Скот Фицџералд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...