fbpx

Американскиот Сенат усвои нови санкции за Русија

-

Американскиот Сенат речиси едногласно ги усвои новите санкции кон Русија. Документот сега треба да оди на потпис кај претседателот Доналд Трамп, кој има право на вето.

Рускиот претседател Владимир Путин, кој повеќепати негираше дека Москва се мешала во претседателските избори во САД и користела нелегални кибернетички методи, се закани со контрамерки доколку предлог-законот биде потврден.
Сенатот со 98 гласа „за“ и два „против“ го усвои предлог-законот за санкции против Русија, Иран и Северна Кореја.
Силна поддршка на законот дадоа сенаторите и од редовите на републиканците и на демократите.

Доколку Трамп одбие да го потпише предлог-законот, документот се враќа во Конгресот, кој има право да го поништи ветото со доволен број гласови.

Претставничкиот дом претходно го усвои документот со 419 гласови „за“ и три „против“.

Во документот се предвидуваат и казнени мерки против Иран и Северна Кореја поради нивните ракетни програми и кршењето на човековите права, а од странските банки се бара да престанат да работат со Пјонгјанг. Исто така, се воведуваат рестрикции кон сите кои се поврзани со иранската балистичка програма, а санкциите се однесуваат и на иранската Исламска револуционерна гарда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...