fbpx

Американскиот Сенат на пат да ги укине здравствените реформи на Обама

-

Горниот дом на американскиот парламент денеска одобри мерка која е прв чекор за укинување на законот на претседателот во заминување, Барак Обама, за здравствена заштита.

Со тесно мнозинство, со 51 гласови „за“ и со 48 „против“, Сенатот ја усвои мерката која го олеснува подоцнежното укинување на законот, што би можело да биде предмет на гласање следниот месец.

Долниот, Претставнички дом на Конгресот треба утре да гласа за таа мерка, но некои републиканци не се сигурни дали треба да поведат процес за укинување на системот за здравствена заштита, познат како „Obamacare“ без подобар план кој би го заменил.

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека укинувањето и замената на законот за здравствена заштита треба да се случи „истовремено“.

Усвојувањето на денешните мерки овозможи при подоцнежното гласање за укинување на законот за здравствена заштита да се избегне опструкцијата на демократите во Сенатот.

Исто така се одобрени и посебни правила, кои овозможуваат за укинување закони да биде потребно просто мнозинство од 100 сенатори. Тоа значи дека републиканците, кои имаат 52 места во Сенатот, можат да изгласаат укинување на законот на Обама без поддршка на демократите.

Здравствената реформа на Обама е усвоена во 2010 година, а здравственото осигурување е проширено на околу 20 милиони Американци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...