fbpx

Американскиот секретар за одбрана Хејгел даде оставка

-

Американскиот секретар за одбрана, Чак Хејгел, поднесе оставка под притисок на претседателот на Барак Обама.
Обама, како што наведува „Њујорк тајмс“, уште во петокот донел одлука да побара оставка од својот министер за одбрана, единствениот републиканец во државниот безбедносен тим, по серија состаноци што ги имал во последните две недели.

Одлуката на Обама да го смени Хејгел, претставува „признание“ дека заканата која ја носи Исламската држава бара поинаква способност од оние поради кои секретарот за одбраната е доведен на таа функција.

Хејгел е поставен за да управува со повлекувањето на војската на САД од Авганистан и со намалувањето на буџетот на Пентагон во време кога се воведуваат мерки за штедење.

– Сепак, следните неколку години барале поинаков фокус – вели неименуван извор од администрацијата.

Според изворот на „Њујорк тајмс“, Хајгел не е отпуштен туку сам ги иницирал разговорите со претседателот за својата иднина и двајцата заеднички одлучиле оти е време да ја напушти функцијата.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...