fbpx

Американски научници 73 дена минаа под вода

-

Двајца американски океанолози го урнаа рекордот на најдолг престој под море, престојувајќи 73 дена во подводен хотел на архипелагот Киз во сојузната американска држава Флорида за да го свртат вниманието кон заштита на океаните.

Научниците Брус Кантрел (63) и Џесика Фрејн (25) минаа точно 73 дена, два часа и 34 минути под морето, стои во соопштението на Универзитетот од Тенеси, на кој научниците работат.


Океанолозите на 3 октомври се спуштија во подводниот хотел, кој се наоѓа на осум метри под морската површина, а од него излегоа синоќа.

Претходниот рекорд за најдолг подводен престој го држеше американскиот научник Ричард Присли, кој во 1992 година, на истата локација престојуваше 69 дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...