fbpx

„Американ експрес“ отпушта 4.000 вработени

-

„Американ експрес“ подготвува повеќе од 4.000 откази во различни сектори, соопшти портпаролот на компанијата.

Според последниот годишен извештај на „Американ експрес“, тоа значи дека откази ќе бидат доделени на шест отсто од вработените. Портпаролот на компанијата соопшти дека скратувањето на работните места не се однесува само на американскиот, туку и на меѓународниот сектор на дејствување.

Компанијата, делумно поради отпуштањата, во четвртиот квартал ќе има трошоци пред оданочување од 313 милиони долари. Главниот финансиски претставник на „Американ експрес“, Џефри Кембел, вели дека отпуштањата ќе бидат неутрализирани со вработувања во други делови на компанијата.

Вредноста на „Американ експрес“ падна на берзите за 2,4 отсто на 85,50 долари за акција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...