!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Амди Бајрам ќе бара оставка од Спасовски поради прекршочната пријава за син му


       
Скопје, 5 октомври, 2017 - 15:14 (META) 

Одлуката на министерот за внатрешни работи е партиски донесена и монтирана, вели пратеникот Амди Бајрам за одлуката на МВР за физичката пресметка во Шуто Оризари да поднесе прекршочни пријави за осум лица, меѓу кои и градоначалникот на општината Елвис Бајрам.

– Го обвинува градоначалникот на Шуто Оризари, Елвис Бајрам, и шест луѓе дека предизвикале општа тепачка, а всушност станува збор за обид за убиство со секири и со прачки. Министерот вети дека нема да се гледа политичка страна, но тоа не се случи. Тој е министер на сите граѓани, а не само на СДСМ. Лага е дека Елвис Бајрам со шест луѓе извршил напад. Истрагата не е добро спроведена и случајот е монтиран. Не нападнал Елвис. Министерот не си ја знае својата должност и, според мене, целото сценарио е негово. Излегува и обвинува дека Елвис предизвикал општа тепачка, а тој бил нападнат со секири и со прачки – смета Амди Бајрам.

Според пратеникот, на вчерашниот митинг на СДСМ во Шуто Оризари, луѓето што го нападнале син му стоеле зад Зоран Заев, Петре Шилегов, Курто Дудуш и зад Самка Ибраимовски.

– За оваа работа ќе барам оставка од министерот во Собрание – додаде Бајрам.