Амди Бајрам ја напушти коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието


       
Скопје, 22 декември, 2017 - 15:17 (META) 

Пратеникот од Сојузот на Ромите, Амди Бајрам денеска соопшти дека повеќе нема да биде дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.

Бајрам ова го соопшти од собраниската говорница на продолжението на седницата, на која на дневен ред е дебатата за предлог-буџетот за 2018 година.

– До денеска бев пратеник на Соузот на Ромите во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а од денеска ќе делувам како пратеник на Сојузот на Ромите во Собранието – рече Бајрам.