fbpx

Амбасадорот Бејли ги следел изборите како акредитиран набљудувач

-

Амбасадорот Џес Бејли беше акредитиран да ги следи изборите, во рамки на меѓународната набљудувачка мисија на изборниот процес, соопштија за „Мета“ од Амбасадата на САД во Скопје, по обвинувањата дека американскиот амбасадор посетувал избирачки места и се фотографирал со активисти и со членови на СДСМ.

„Како и во минатото, Амбасадата на САД и другите дипломатски мисии, вчера на терен имаа тимови што ги набљудуваа изборите. Амбасадорот Бејли беше еден од акредитираните набљудувачи. Тоа беше дел од нормалните напори за меѓународно набљудување на изборите“, соопштија од Амбасадата на САД.

Вториот круг од локалните избори во Македонија вчера го набљудуваа и набљудувачкиот тим на ОБСЕ/ОДИХР составен од 126 набљудувачи од 26 земји, како и амбасадорите на Холандија, Велика Британија и на Франција, Ваутер Пломп, Чарлс Гарет и Кристијан Тимоние.

Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР денеска попладне ќе ги соопшти првичните оценки од вториот круг од локалните избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...