fbpx

Амбасадата на САД загрижено праша: Има ли идеи за намалување на загадувањето?

-

Амбасадата на САД во Македонија денеска изрази загриженост поради големата загаденост на воздухот во Скопје и во земјава.

Во својата објава на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ од aмбасадата прашаа „кои се вашите идеи за почист воздух во Македонија“.

„Загадувањето на воздухот во Скопје денеска беше толку големо што едвај можеше да се види амбасадата! Кои се вашите идеи за почист воздух во Македонија?“ напишаа од Амбасадата на САД на „Фејсбук“ и на „Твитер“.

Загриженост за енормната загаденост на воздухот изрази и амбасадорот на Холандија во земјава, Ваутер Пломп.

„Постои дилема: дали да се користи автомобил и да се придонесе на загадувањето или да се земе велосипед и тоа да се вдишува. Денеска за прв пат се обидов со маска“, напиша Пломп на „Твитер“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...