fbpx

Амбасада на САД: Заканите ги пријавуваме во МВР, но не бараме кривично гонење

-

Амбасадата на САД во Скопје ги информира македонските власти за заканите што доаѓаат до нив од разни извори, но не побарала сторителите да бидат правно гонети, туку тоа го остава на надлежните институции во земјава, велат од американската амбасада на прашање на „Мета“ во врска со кривичната пријава поднесена од МВР против скопјанец кој му се заканувал на амбасадорот Џес Бејли преку „Фејсбук“.

„Ги споделуваме информациите за закани со македонските власти, било да доаѓаат преку телефонски повици, писма или од други извори. Ние не баравме да бидат преземени правни дејства, тоа зависи од надлежните власти. Сакаме да напоменеме дека лицето подоцна се извини и ние го прифаќаме неговото извинување“, велат од Амбасадата на САД во Скопје.

Инаку, МВР вчера информираше дека секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднел кривична пријава против 34-годишниот скопјанец Т.Т., кој се товари дека преку недолични коментари објавени на официјалната фејсбук-страница на амбасадата, во април минатата година, индиректно им се заканувал на амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, и на неговото семејство.

Скопјанецот, според МВР, е осомничен за кривичното дело повреда на углед на странска држава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...