fbpx

Амбасада на САД: Да не се врши политички притисок врз Специјалното обвинителство

-

Амбасадата на САД во Македонија денеска повторно ѝ изрази поддршка за работата на специјалната обвинителка Катица Јанева и на нејзиниот тим и побара од властите целосно да ги спроведат највисоките стандарди на владеење на правото.

„САД целосно го поддржуваат Специјалното јавно обвинителство и неговата улога во истражувањето и во покревањето обвиненија за криминалните дејства што произлегуваат од прислушуваните разговори. Нејзиното назначување е суштински елемент на Договорот од Пржино и беше одобрено од сите четири политички партии. Го повторуваме нашиот апел до сите страни да му дозволат на Специјалното обвинителство да ги изврши своите обврски, независно и без каква било форма на политички притисок. Сите обвинети имаат право на целосна заштита според законот и ги повикуваме сите граѓани да овозможат на фактите да произлезат во текот на судскиот процес“, стои во соопштението.

Амбасадата, исто така, ги повика македонските власти „да ги исполнат највисоките стандарди на владеење на правото, транспарентноста, праведноста, заштита на слободата на говорот и независноста на судството, како што случаите ќе напредуваат“.

Реакцијата на Амбасадата на САД доаѓа непосредно откако Специјалното обвинителство денеска ја соопшти својата прва акција, насловена „Титаник“, и побара притвор за осум лица, осомничени за изборна измама. Меѓу осомничените се поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, иако нивните имиња не беа експлицитно наведени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...