Алтернативата на Каменос за Преспанскиот договор главна тема во грчките медиуми


       
Атина, 12 октомври, 2018 - 9:42 (META) 

Изминатите неколку дена грчките медиуми нашироко ја разглобуваат темата за предлогот на грчкиот министер за одбрана Панос Каменос за одбранбен балкански сојуз.

Каменос идејата ја пласираше по неговата посета на Вашингтон. Рече дека според предвидувањата оти во Македонија нема да помине Договорот од Преспа, за да се ослаби руското влијание во регионот и да се зацврсне стабилноста, треба да се формира одбранбен сојуз меѓу Грција, „БЈРМ“, Албанија и можеби Србија.

Според извори во грчката влада, предлогот нема поддршка од премиерот Алексис Ципрас.

Генерално грчките медиуми известувајќи за случувањата во Македонија, велат дека уставните измени може да се донесат само во Собранието.