Алијанса за Албанците останува во владината коалиција


       
Скопје, 12 ноември, 2017 - 19:26 (META) 

Алијансата за Албанците останува во владината коалиција и ќе ги задржи своите претходни позиции. Ова е договоренo на вчерашната на средба на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села.

Од Алијанса за Албанците наведуваат дека средбата била конструктивна и во позитивен дух, а се разговарало и за продолжување на реформите, заедничка посветеност на реформската влада.

Сепак, од партијата се уште немаат утврдено кој ќе го замени министерот за здравство, Арбен Таравари, кој стана градоначалник на Гостивар. Централното претседателство на партијата ќе го избере наследникот, но засега не се знае кога ќе се одржи седница.