Алијанса за Албанците: Одлуката на ДУИ да излезе со свој кандидат е за поздравување


       
Скопје, 31 јануари, 2019 - 10:20 (META) 

Алијанса за Албанците (АА) денеска ја поздрави вчерашната одлука на Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) да излезе со свој кандидат на претседателските избори.

АА порача дека „ДУИ го прифати предизвикот на Зијадин Села за претседателските избори“ но ја поттикна владејачката партија да го прифати и предизвикот за парламентарни избори“.

„Посакуваме кандидатот за претседател од редовите на ДУИ да биде Албанец! Не би сакале да веруваме дека оваа нивна одлука дојде како последица на затворената врата и презир кон ДУИ во однос на нивната лажна идеја за консензуален кандидат, денес со СДСМ, вчера со ВМРО-ДПМНЕ“, вели АА.