fbpx

„Алфите“ осомничени во „Тортура“ денеска повторно на распит

-

Командантот на специјалната единица „Алфи“, Ивица Антевски – Пуки и другите припадници на оваа единица што го апсеа лидерот на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски, денеска треба да се појават на распит во Основниот суд Скопје 1.

Минатата недела се одложи распитот бидејќи шестмината осомничени во случајот „Тортура“ за кои Специјалното јавно обвинителство побара да им бидат определени мерки за претпазливост, побарале дополнително време за увид во предметот.

Како што соопштија од Основниот суд Скопје 1, увидот во предметот не им бил овозможен во Специјалното јавно обвинителство, но судијата на претходна постапка го дозволил.

Тие се товарат за нечовечко постапување при апсењето на Бошкоски. Првоосмничен во овој случај, кој го отвори СЈО, е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, но за него Обвинителството не побара ниту притвор, ниту мерки за претпазливост.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одѕивот на гласачите до 17 часот е за 9 отсто повисок од претходните претседателски избори

До 17 часот, според Државната изборна комисија, на претседателските избори гласале 397.612 лица, односно 44,18 посто од вкупниот број запишани гласачи - 1.814.317. Најголема излезност има во Општина Новаци, над...