fbpx

Алепо е срам за меѓународната заедница, оцени Меркел

-

Срамно е што меѓународната заедница не е во состојба да го олесни страдањето во сирискиот град Алепо, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.

– Алепо е срам. Срамота е што не успеавме да воспоставиме хуманитарен коридор, но мораме да продолжиме да се бориме за тоа – истакна Меркел.

Изјавата на германската канцеларка доаѓа откако Русија и Кина вчера ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, со која би се побарало седумдневно примирје во сирискиот град Алепо.

Претставникот на Москва изјави дека примирјето би им овозможило на бунтовниците да се прегрупираат и дека е потребно време за разговори меѓу Вашингтон и Москва.

Во меѓувреме, официјален Дамаск го отфрли прекинот на огнот, кој ќе го договорат страните во источно Алепо под контрола на бунтовниците. Сириската влада ги смета за терористи сите бунтовнички групи против кои се бори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...