fbpx

Александар Димитриевски ја доби првата награда од ЕУ за истражувачко новинарство

-

Александар Димитриевски за сторијата „Субвенции за растително и сточарско производство“, објавена на „Призма“ ја доби првата награда за истражувачко новинарство за 2016 година која ја доделува Делегацијата на Европската Унија.

Втората награда ја доби Зоран Јовановски за сторијата „Пеплишта на смртта“ објавена во емисијата „360 степени“ на „Алсат М“ телевизија.

За најдобра сторија за млад новинар наградена беше Славица Филиповска за приказната „Бугарски пасоши за чиста Македонија“ објавена во „360 степени“.

Самуел Жбогар, шефот на делегацијата на Европската Унија во Македонија рече дека истражувачкото новинарство се бори против корупцијата и организираниот криминал.

– Да се биде истражувачки новинар е стресно, тешко и понекогаш опасно. Но новинарите се храбри и тврдоглави во нивната работа. Светот не е бајка но тие придонесуваат во демократијата и владеењето на правото. Во име на ЕУ сакаме да им искажеме почит за работата и за борбата за вистината – рече Жбогар.

За наградата на ЕУ оваа година пријавени биле 26 автори со 32 стории.

Жирито кое одлучи за годинешните награди беше составено од Марина Тунева извршен директор на Советот за етика во медиумите, Арта Тахири од „Алсат М“, Лирим Дулови од „Коха“ и Борис Георгиевски од македонската редакција на „Дојче Веле“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...