fbpx

Албанскиот премиер ја изнервира Атина

-

Албанскиот премиер Еди Рама го крена притисокот во Атина со изјавата да се почнат нови преговори меѓу Атина и Тирана за договарање на морската граница.

Изјавата на Рама од Белград, во која тој истакна дека имаат право да прашуваат за барањето гас во Јонско Море и подвлече дека Албанија не планира да преговара за алабанските национални интереси во знак на зачувување на добрососедски врски, во Атина беше прочитана како знак на бескомпромисност и националистичка реторика.

Потпаролот на грчкото министерство за надворешни работи, Константинос Кутрас, испрати остра порака до Албанија и до албанскиот премиер, посочувајќи дека е потребно да се вратат разумното и логичното однесување од албанска страна.

„Политичкото лидерство на пријателската соседна држава сè повеќе се влошува од ден на ден, нешто кое се гледа од нивните изјави и дела. Потребно е да се врати разумот и почитта кон меѓународното право, кој е најсигурниот начин за европската перспектива на Албанија“, се вели во кусата изјава на Кутрас.

Последните изјави на Рама фрлаат темна сенка врз неговиот лик во Атина во последниот период. Иако, откако дојде на власт, тој во Грција беше дочекан како предводник на една помодерна, поотворена и понапредна албанска влада, работите сега се изменети и грчките оцени се дека полека се претвора во лидер на албанскиот неонационализам, За потсетување, грчката влада на Нова демократија и на ПАСОК беше силен поддржувач за Албанија да добие кандидатски статус во ЕУ, но и тогаш коментарите беа дека оваа поддршка не е безрезервна и дека Грција со сигурност ќе ја услови со договорот за маркирање на морската граница.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Утре бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети

Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, 18 Април, утре ќе биде одбележан со бесплатен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе...