fbpx

Албанскиот парламент го донесе буџетот за 2017 година, кој тежи 3,4 милијарди евра

-

Албанскиот парламент го донесе буџетот за 2017 година, кој тежи 3,4 милијарди евра, јави дописничката на „Мета“ од Тирана.

За фискалните мерки за следната година гласале само партиите на власт, а опозицијата не гласала бидејќи сметала дека буџетот уште повеќе ќе ги осиромаши Албанците.

Според владејачките партии, пак, од фискалната консолидација која се предвидува со новиот буџет, директна корист ќе имаат токму граѓаните.

На дебатата во парламентот, која траела 16 часа, претставниците од Демократската партија, иако не гласале, истакнале дека оваа влада ги зголемила даноците, го продлабочила јавниот долг со што придонела за поголемо осиромашување на Албанците.

Поранешниот лидер на Демократската партија, Сали Бериша, го цитирал извештајот на Светската банка за 2015 година, во кој се вели дека нивото на сиромаштија во Албанија е 47,5 проценти.

Членовите на партијата Социјално движење за интеграција, иако го гласале буџетот, сметале дека би биле позадоволни доколку има поголеми директни инвестиции во земјоделството, туризмот и во здравството.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...